1. Сувото грозје се става во румот колку да биде покриено. Колку повеќе стои, толку подобро. Најубаво е ако го ставите од вечер да престои или неколку часа пред да почнете со подготовка на рецептот.

2. Млечното чоколадо се топи на пареа и се полнат хартиените калапчиња, кои кај мене излегоа 15 на број. Не ставајте премногу, само колку да се покрие дното и оставете да се стегне малку.

3. Ставете го сувото грозје врз првиот слој од млечно чоколадо со помош на вилушка за да се исцеди добро.

4. Итемното чоколадо се топи на пареа и се става најгоре.

5. Декорираме со рендано бело и млечно чоколадо или нешто друго по желба и се ставаат во фрижидер за да се стегнат.

Најдобро е ако користите помали хартиени калапчиња!
Рецептот може да се приготви и само со еден тип на чоколадо!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови