Кога ќе се спојат ентузијазмот и креативноста, тогаш со малку пари и време и аматери можат да подготват нешто доволно пристојно за да се пречекаат важни гости...
Количините на потребните состојки можете слободно да ги одредите по ваша желба. Основата е најдобро да биде пакуван тост-леб кој треба да го исечете на мали парчиња (со големина на залак) и во разни облици.
Намазите исто така се подготвуваат со едноставно мешање на состојките, во сооднос кој одговара на вашиот вкус. Битно е само да добиете конзистенција погодна за мачкање. Со намазите премачкајте ги парченцата леб и декорирајте со парче кулен, чајна, разни видови зеленчук... И во овој дел нема строги правила.Употребете ја фантазијата и она што го имате во фрижидерот.
На крајот добивате прекрасни шарени залачиња, како одлична замена за класичните ордевери.
Овие на моите фотографии, поради недостаток на време не се баш перфектно изведени, но сепак вистински им благодарам на оние кои го прифатија предизвикот и мојот предлог и помогнаа за неполн час со 600 вакви залачиња да ги пречекаме гостите...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови