Испечати

Шарени залачиња

Шарени залачиња

Состојки

  • Основа
  • тост леб леб исечен на мали парчиња (со големина на залаче) во различни форми
  • Намаз 1
  • по желба/потреба павлака
  • по желба/потреба рендано сирење
  • по желба/потреба буковец или рендано цвекло (за боја)
  • Намаз 2
  • по желба/потреба ситно сецкана туна од конзерва
  • по желба/потреба мајонез
  • по желба/потреба сок од лимон
  • Намаз 3
  • по желба/потреба ајвар

Подготовка

Кога ќе се спојат ентузијазмот и креативноста, тогаш со малку пари и време и аматери можат да подготват нешто доволно пристојно за да се пречекаат важни гости...
Количините на потребните состојки можете слободно да ги одредите по ваша желба. Основата е најдобро да биде пакуван тост-леб кој треба да го исечете на мали парчиња (со големина на залак) и во разни облици.
Намазите исто така се подготвуваат со едноставно мешање на состојките, во сооднос кој одговара на вашиот вкус. Битно е само да добиете конзистенција погодна за мачкање. Со намазите премачкајте ги парченцата леб и декорирајте со парче кулен, чајна, разни видови зеленчук... И во овој дел нема строги правила.Употребете ја фантазијата и она што го имате во фрижидерот.
На крајот добивате прекрасни шарени залачиња, како одлична замена за класичните ордевери.
Овие на моите фотографии, поради недостаток на време не се баш перфектно изведени, но сепак вистински им благодарам на оние кои го прифатија предизвикот и мојот предлог и помогнаа за неполн час со 600 вакви залачиња да ги пречекаме гостите...