Чоколадна торта со јагоди
Тортата е и повеќе од добра, нека не ве плашат состојките. Се заедно совршено добро се надополнува и добивате одличен вкус.
1. За пандишпанот пенесто изматете ги јајцата со шеќерот додека се добие светла густа смеса. Во друг сад просејте ги сите суви состојки. Постепено во садот за матење додадете го зејтинот па киселото млеко. Потоа постепено додавајте ги сите суви состојки (матете со најмала брзина). Калап со бр.26 обложете го со хартија за печење и претурете ја смесата. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С, а кога ќе ставите намалете на 180С. Печете додека чепкалката не излезе сува. (Доколку се крене во средината благо со рака потиснете го да се израмни).
Кога ќе се испече оставете убаво да се излади.
2. За џемот ... шеќерот ставете го во тава на оган и направете карамел. Од јагодите одвојте 1 мала чашка, а останатите додадете ги во карамелот. Кога убаво ќе се растопи карамелот додадете го сокот од портокал и зачините (освен кората од лимон). Оставете да крчка додека се згусне. Пред крај додадете ги и одвоените јагоди и кората од лимон, внимателно промешајте и тргнете на страна да се излади.
*По можност користете планинско нане со изразита ментол арома.
3. Чоколадото и слатката павлака ставете ги ви сад на пареа и мешајте додека чоколадото се растопи. За да нема многу чекање да се излади кремот, јас веднаш го ставам во сад за матење и почнувам со најмала брзина да матам. Како што се лади ја зголемувам брзината и постепено кремот почнува да се згуснува.
4. Оладеното тесто избоцкајте го со вилушка и прелијте го со млекото. Од горе распоредете го млакиот џем и оставете 30 мин. до 1 час убаво да се стегне. Потоа извадете ја од калапот и целата премачкајте ја со чоколадниот крем. Украсете со јагоди и чоколадо или нешто по желба. Повторно вратете во фрижидер и оставете малку да стои за убаво да се спојат вкусовите.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани