Чоколадна торта со јагоди
Се ставаат брашното, шеќерот, какаото, прашокот за пециво, содата, солта и инастант кафето во поголем сад и се мешаат се додека убаво не се искомбинираат.
Во оваа смеса се додаваат млекото, маслото, јајцата, ванилиниот шеќер и се матат со миксер.
Брзината на миксерот се намалува и полека се додава зовриената вода.
Откако сите состојки се искомбинирани се мати уште 1 мин на медиум брзина. Оваа смеса се поделува во два калапи за печење од 24 цм.
Се пече околу 35-40 мин на 180 степени.
Подготовка на филот
Во сад за матење се мати путерот, се додава какаото и добро се мешаат.
Во садот се додаваат млекото и шеќерот и се се мати со миксер околу 1 мин. Потоа се додаваат ванилиниот шеќер и инстант кафето и се меса додека се е добро искомбинирано.
Ако смесата е потечна се додава шеќер во прав, ако е потврда се додава повеке млеко.
Откако испечениот пандишпан се излади добро, едниот дел се премачкува со џем од јагоди, а потоа со припреманиот фил.
Потоа се става и другиот дел и целата торта се премачкува со останатиот фил.
Се декорира со рози од јагоди и чоколадо.
Розите од јагоди се прават така што со нож се прават ливчиња почнувајќи од долниот дел кон центарот. На врвот малку се свиткуваат.
Подготовка на чоколадните рози
Чоколадото за готвење се крши на мали парчиња во подлабока чинија и се става да се стопи во микровална 1 мин.
Во растопената чоколада се додава медот, добро се мешаат и смесата се става во фрижидер да се здрви завиткана во најлонска фолија околу 2-3 часа (или преку ноќ).
Откако ќе се извади од фрижидер се остава на собна температура додека стане еластична, а потоа се меси и се прави слаб слој од кој се сечат кругови.
Од секој круг се прават ливчиња и се формираат рози.
Од смесата со чоколадо и мед се формираат и мали топчиња кои се ставаат околу тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови