Тортава е ЗАКОН. Како од слаткарница. Можи и подобра. Автентичен чоколаден вкус, се топи в уста. И брзо се прави. Ја обожаваме сите по дома.

Припрема
Прво направете го филот за да има време да се олади и да се згусни. Загрејте ја слатката павлака, додадете го кремот и чоколадото, мешајте додека не се растопат и не се соединат. Не треба да врие. Ставете го подготвениот фил во замрзнувач повремено мешајте.

Потоа направете го првиот бисквит. Бисквитите искршете ги, наполитанките сомелете ги. Измешајте. Врз нив додадете го млекото и растопениот путер и додадете го и кремот. Измешајте убаво и оваа смеса натапкајте ја во кружниот калап од Винчини.

Ако филот ви е убаво оладен и згуснат, нанесете една третина врз првиот бисквит. Нанесете убаво.

Одозгора ставете една кора од готовите пандишпани и попрскајте со 5 лажици чоколадно млеко. Нанесете уште една третина од филот.

Ставете го и вториот готов пандишпан и повторете на постапката, нанесете млеко и останатиот фил.

Изладете ја тортата убаво. Отстранете го обрачот и израмнете ја околу.

На крај, додадете одозгора убаво чоколаден прелив, ќе добиете огледало глазура. Додадете и потпечени лешници за вкус и изглед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови