Чоколадна торта Винчини (без печење)
Состојки
- Прв бисквит
- 200 г кршени бисквити
- 100 г мелени наполитанки
- 150 г растопен путер
- 1 лажица какао крем Винчини
- 150 мл чоколадно млеко
- Втор и трет бисквит
- 2 готови чоколадни пандишпани од Винчини
- 10тина лажици чоколадно млеко за попрскување на пандишпаните
- Фил
- 500 мл слатка павлака
- 3 лажици какао крем од Винчини
- 300 г чоколадо за готвење
- Декорација
- чоколаден прелив од Винчини
- кршени потпечени лешници
Подготовка
Тортава е ЗАКОН. Како од слаткарница. Можи и подобра. Автентичен чоколаден вкус, се топи в уста. И брзо се прави. Ја обожаваме сите по дома.
Припрема
Прво направете го филот за да има време да се олади и да се згусни. Загрејте ја слатката павлака, додадете го кремот и чоколадото, мешајте додека не се растопат и не се соединат. Не треба да врие. Ставете го подготвениот фил во замрзнувач повремено мешајте.
Потоа направете го првиот бисквит. Бисквитите искршете ги, наполитанките сомелете ги. Измешајте. Врз нив додадете го млекото и растопениот путер и додадете го и кремот. Измешајте убаво и оваа смеса натапкајте ја во кружниот калап од Винчини.
Ако филот ви е убаво оладен и згуснат, нанесете една третина врз првиот бисквит. Нанесете убаво.
Одозгора ставете една кора од готовите пандишпани и попрскајте со 5 лажици чоколадно млеко. Нанесете уште една третина од филот.
Ставете го и вториот готов пандишпан и повторете на постапката, нанесете млеко и останатиот фил.
Изладете ја тортата убаво. Отстранете го обрачот и израмнете ја околу.
На крај, додадете одозгора убаво чоколаден прелив, ќе добиете огледало глазура. Додадете и потпечени лешници за вкус и изглед.