Се соединуваат јајцата и шеќерот и се ставаат на пареа или на слаба температура на оган додека се згустат и почнат да прават пат на тенџерето, па се додаваат маргаринот и чоколадото. Се меша постојано додека да се соединат, се трга смесата од оган и се додава во мелените ореви и бисквите и се соединува.
Половина од смесата се става во калап, се израмнува и се редат крем бананките наопаку (јас од краевите ги засекував малку), па се истура и другата половина од смесата врз наредените крем бананки.
Готовата салама се става во фрижидер да се стегне, потоа се вади од калапот и се сече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови