Чоколадата ја топиме со маслото и со мала четка ги премачкуваме калапчињата од внатрешната страна. Се стават во замрзнувач да стегнат околу 2-3 минути и се повторува постапката.

Во меѓувреме се прави филот или полнењето.
Бисквитите и оревите се мелат, бананките се сецкат. Во сад се стават состојките и се замесува со сок од портокал да се добие убава компактна смеса. Филот се полни во претходно премачканите калапи, а на врвот се остава малку простор за да се затворат пралините со чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани