Чоколаден крем, ама најубав на свет
Ова е еден од оние рецепти кои кај нас дома се спремаат обавезно во дупла доза. Од како порасна младунче и нему му го даваме кремот како оброк. Имаме наше млеко од козичките, наши јајца од коковчињата, па здравјето му е загарантирано <3
Од млекото се одзема една шоља и во него се раствара нишестето, а остатокот од млекото се вари на огин. Кога млекото ќе биде пред вриење се додава чоколадото искршено на коцки и убаво се меша да се растопи. Ќе внимавате убаво да се растопи чоколадото, да не остануваат грутчиња бидејки следен чекор е додавање на нишестето, а нишестето ќе ја згусне смесата и грутчињата ќе останат. Ќе се изеде и така де, ништо страшно =))
Од како ќе се додаде нишестето, убаво се меша да згусне. Ќе се добие смеса која е потполно иста како пудинг. Кога прв пат го правев рецептов ептен се изнревирав кога видов дека добив нешто што е потпопло исто како пудинг, АМА.... се смени многу од како се завршува рецептот до крај.
Во оргиналниот рецепт на крај смесата е трга од оган и со постојано мешање се додаваат убаво изметните жолчки, па се враќа на оган уште малку да се довари.
Јас последниот пат по грешка, прво убаво и цврсто ги изматив белките, бетон ги направив (нејверојатно уште бев под импресија наЦЕЛУФКИТЕ), па на белките им ги додадов и матените жолчки мешајки со лажица и таа пуфкава смеса од јајца ја додадов на смесата од чоколадо.
Мојата грешка испадна СОВРШЕНА! =))
Се доби еден толку убав и пенест десерт, што дури и јас си се пофалив себе си со тапшање по рамо =))
Се сипа во калапчиња по желба или во садовите во кои ќе се служи и се лади во фрижидер.
Шеќерко мој ептен не сака цимет, инаку како добро оди со цимет, тоа е чудо едно.
Додека го правев рецептот последниот пат ми текна дека чоколадото може да се замени со што ми сака душичката и пак да се добие супер десерт.
Утре ќе пробам со капини да го направам и ќе ставам слика и искуство веднаш.
Е па женки мои, заборавете ги вагите и ајде да си мркаме =))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
LUDO sekogas imas interesni recepti.POzzzzzzz
натали, рецептите не се интересни, рецептите се за мрзливи домаќинки како мене :) :) :) :)
светле, на празен стомак никој не се смее. размисли како се намрштени сите оклу 1ви мај кога почнуваат со диетите за лето :) :) :) :)
клара бе...УАТ?
читам и се' ми е тука....или не ми се сите овци на број? :) :) :) :)
канаѓанки мои, фала :)
љиљо, немој бе вака, немој! срам ќе му падне на човек. се си мислам лажно тапшање по рамо ми правите :) :) :) :)
тања и светле, фала :)
Читај од 2 пасос од 2та реченица... кај мене покажува дека на цел тој пасос фали сврзничето „се“...
немам појма што се случува. кога го пишував беше супер. сега фалат скоро сите сврзници во текстот. а кога пробав да го изменам ТАМУ СИ БЕА. рецептов е луд како мене :) :) :) :)
mi iskoci malku potecno i isto staviv celi jajca i cokolado dorina :)