Испечати

Чоколаден крем, ама најубав на свет

Чоколаден крем, ама најубав на свет

Состојки

  • 750мл млеко
  • 10 големи лажици шеќер
  • 5 големи лажици нишесте
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 3 жолчки од јајца (иако јас по грешка ставив 3 цели јајца и супер испадна)

Подготовка

Ова е еден од оние рецепти кои кај нас дома се спремаат обавезно во дупла доза. Од како порасна младунче и нему му го даваме кремот како оброк. Имаме наше млеко од козичките, наши јајца од коковчињата, па здравјето му е загарантирано <3

Од млекото се одзема една шоља и во него се раствара нишестето, а остатокот од млекото се вари на огин. Кога млекото ќе биде пред вриење се додава чоколадото искршено на коцки и убаво се меша да се растопи. Ќе внимавате убаво да се растопи чоколадото, да не остануваат грутчиња бидејки следен чекор е додавање на нишестето, а нишестето ќе ја згусне смесата и грутчињата ќе останат. Ќе се изеде и така де, ништо страшно =))

Од како ќе се додаде нишестето, убаво се меша да згусне. Ќе се добие смеса која е потполно иста како пудинг. Кога прв пат го правев рецептов ептен се изнревирав кога видов дека добив нешто што е потпопло исто како пудинг, АМА.... се смени многу од како се завршува рецептот до крај.

Во оргиналниот рецепт на крај смесата е трга од оган и со постојано мешање се додаваат убаво изметните жолчки, па се враќа на оган уште малку да се довари.
Јас последниот пат по грешка, прво убаво и цврсто ги изматив белките, бетон ги направив (нејверојатно уште бев под импресија наЦЕЛУФКИТЕ), па на белките им ги додадов и матените жолчки мешајки со лажица и таа пуфкава смеса од јајца ја додадов на смесата од чоколадо.
Мојата грешка испадна СОВРШЕНА! =))

Се доби еден толку убав и пенест десерт, што дури и јас си се пофалив себе си со тапшање по рамо =))
Се сипа во калапчиња по желба или во садовите во кои ќе се служи и се лади во фрижидер.

Шеќерко мој ептен не сака цимет, инаку како добро оди со цимет, тоа е чудо едно.
Додека го правев рецептот последниот пат ми текна дека чоколадото може да се замени со што ми сака душичката и пак да се добие супер десерт.
Утре ќе пробам со капини да го направам и ќе ставам слика и искуство веднаш.

Е па женки мои, заборавете ги вагите и ајде да си мркаме =))