
Чоколаден колач (без печење)
Бисквитите искршете ги на парчиња.
Слатката павлака и млекото загревајте ги полека на тивок оган. Кога ќе се загрее убаво додадете го чоколадото убаво да се растопи и тргнете од оган .
Во смесата додадете ги оревите промешајте. Потоа додадете ги бисквитите, се’ убаво промешајте и ставете во тавче обложено со најлонска фолија.
Тавчето треба да биде со димензии 25*15.
Убаво со рака притиснете ја смесата и оставете 24часа во ладилник.
Наредниот ден припремете ја глазурата загрејте ја слатката павлака заедно со чоколадото и потоа прелијте врз колачот.
Оставете да се излади уште половина час а потоа исечете на коцки.
Оревите треба да бидат ситно исецкани или уште подобро мелени.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови