7
сеп
2012
Чоколада со ориз
Чоколадата се топи со две лажици зејтин на тивко. Кон стопенота чоколада се додава кремот и се меша додека се соедини. Се трга настрана и се додава оризот, па убаво се меша. Смесата се истура во калап обложен со фолија и се остава да стегне, а потоа се сечат штанглички.
Оваа смеса може и да се става директно во хартиени корпици и доста е вкусна, а и декоративна.
Едноставно, брзо да ги израдувате дечињата, а може и повозрасните.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Лили, ја откривме финтата за крцкавоста ;) Треба малку за да ги врзи, а не да ги натопи и стопи.
и многу е убаво, а за лесно спремање да не зборам :)
јас го правев со 200гр алпико чоколадо за готвење и алпико мешаниот крем. ама малку ми беа 70гр, снегулки. кога мешав ми се видоа малку, па додавав од око и испадна вкупно 150 гр оризови снегулки да е таман. не се жалам, имам повеќе за гнеткање :) :) :) :)
туку, сакав да прашам. кога стои во фрижидер е супер, ама на собна многу брзо се раскашавува, ако намалам од еурокремот, потврдо ли ќе биде?
еве и докази приложувам :)
во секој случај ненормално добро и ненормално лесно за спремање :)
не знам колку милиони пати ги имам направено. од ПОНЕДЕЛНИК сум на диета, ако не од понеделник, ОД ПРВИ :) :) :) :)
Денес го правев, и во фрижидер се стегна за 10-15 минути. А чоколадото и еурокремот ги топев во микро печка :) Најмногу сакам кога не треба ни шпорет да уклучам, а десертот направен. Уште и тавчето е обложено со фолија, па не треба ни миење. Мераци :D