Сливите се мијат, се чистат од семенките и се делат на пола. Во поголем сад каде што ќе се пече џемот се реди еден ред од сливите, па се наросува со шеќер, па чоколадото кршено на коцки. Истото се повторува уште два пати. Најубав е кога се реди во три реда.
Така нареден треба да одстои 3-4 часа, а потоа се пече во загреана рерна околу 2 часа. Повремено се протресува садот. Убаво е да биде поширока шерпа не многу висока за поубаво да се испече џемот.
Одкако ќе се испече се собира врело на врело, значи врел џем во загреани врели тегли. Џемот е превкусен за со палачинки, крофни и кој е во можност нека го проба нема да згреши.
Ако сте љубител на вкусот на каранфилчиња на крај може да ставите за појак повпечатлив вкус. Јас половина го собирам без каранфилче, а во другата ги ставам каранфилчињата и бидејки се собира врело со врело мирисот одма се чувствува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела