Испечати

Чоколада со ориз

Чоколада со ориз

Состојки

  • 200гр чоколада за готвење
  • 250гр крем(еурокрем)
  • 2лашици зејтин
  • 70гр оризови снегулки-експандиран ориз

Подготовка

Чоколадата се топи со две лажици зејтин на тивко. Кон стопенота чоколада се додава кремот и се меша додека се соедини. Се трга настрана и се додава оризот, па убаво се меша. Смесата се истура во калап обложен со фолија и се остава да стегне, а потоа се сечат штанглички.
Оваа смеса може и да се става директно во хартиени корпици и доста е вкусна, а и декоративна.
Едноставно, брзо да ги израдувате дечињата, а може и повозрасните.