21
мар
2021
Чоко бајадера
Брза, превкусна бајадера, само од неколку состојки. Од оваа количина не излегуваат многу парчиња, па ако сте повеќе членови правете дупла доза =))
1. Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20 минути. Во блендер ги ставаме исцедените урми, какаото, путерот од кикиритки и од водата во која беа потопени урмите. Блендираме да се добие хомогена смеса.
2. Смесата ја ставаме на хартија за печење, одозгора ставаме уште една и ја распределуваме во дебелина од 1 цм.
3. Оставаме во фрижидер да се стегне. По неколку часа сечеме парчиња по желба кои ги прелеваме со стопено темно чоколадо помешано со кокосово масло.
Лиценца: Сите права се задржани