Чизкејк со вишни
Подготовка:
1. Се кршат бисквитите и се блендираат во блендер. Се додава растопениот маргарин и се меша со лажица. Се става во калап и се расплескува да се добие подлога. Се остава во фрижидер да олади.
2. Фил- Се става во вангла изварката. Во него се додава јајцето, павлаката, ванилата и шеќерот и убаво се миксира, да се изедначи смесата. Се истура врз оладената подлога од бисквити и се става да се печe на 180С-30мин. Кога е испечен колачот се оладува и се прелива со врело желе.
3.Желе- Се чистат смрзнатите вишни и врз нив се посипува со шеќер. Се остава извесно време, да пуштат сок и се варат 5мин. На крајот во мал филџан се става вода и 1 лажица густин и се додава во вишните да повари уште 2мин. Така врело се прелива врз испечениот чизкејк.
Превкусно и брзо.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани