Чизкејк со ореви и вишни
Превкусна торта, лесна за правење и најважно за мастер шеф како мене, сама си ја измислив :)
По сите прочитани рецепти на интернет, си ги комбинирав состојките и резултатот беше феноменален. Оги Синко доби торта за роденден и тоа црвена.
За рецептот за АНЗАК, кликнете ОВДЕ.
За тестото соединете ги сите состојки со рака. Натапкајте ги на тавче со обрач. Јас користам масна хартија во тавчето бидејки не се затвора баш нај нај за да не тече смесата. На главната фотографија не се забележува филот, бидејки хартијата го крие.
Печете во загреана рерна на 200 степени 20 мин.
Извадете од рерна и оставете да се олади. Рерната намалете ја на 100 степени и подгответе го филот.
Матете ја слатката павлака. Додадете го сирупот од слатко од вишни додека да ја добиете посакуваната боја. Доколку не сакате боја во филот, прескокнете ја таа постапка. Пробајте на вкус дали е доволно благо, ако е доволно благо додадете го само ванилинипт шеќер. Ако не е додадете го и шеќер. Јајцата додавајте ги едно по едно. Следното јајце додадете го од како предходното убаво ќе се измати.
Додадете го брашното.
Уште еднаш да повторам, доколку не сакате боја на филот можете да го прескокнете го делот за сирупот од слатко од вишни и прехранбената боја, нема да има голема разлика во вкусот, тоа е заради празничноста :)
Печете во рерна еден час на 100 степени. Извадете да се олади, а подоцна ставете во фрижидер, да се доолади барем 6 часа или преку ноќ.
Пред послужување наредете ги вишните и премачкајте со сокот од слаткото.
Тетки готвачи, тетки и чичковци од МоиРецепти, ние лудите од планина вака ја завршуваме преубавата година.
Многу сме ви благодарни за дружбата, за убавите моменти, нетрпението со кое го чекавте Оги синко да се роди и мекиците што ги правевте кога се роди.
Денес Оги Синко полни 3 години Среќни празници, се гледаме следната година, повесели, посреќни и сите на куп :)
п.с Љиљо, конечно го потрошив маскарпонето што ми го прати. Посебна пратка за посебна прилика :D
Шарам, те поздрави тањирчето за тортата ;)
Лиценца: Сите права се задржани
- вабора - надвор
- уон - авион
и да не редам, ќе го доживеете лично кога ќе има средба :)