Овој чизкејк е прав погодок за љубителите на киселкасти, овошни десерти.
Најпрво се подготовува сосот од вишни. Сите состојки освен водата се ставаат во тенџере на средна температура, и се меша додека не се растопи шеќерот. Потоа се додава водата и се вари додека не се згусне. Потоа се одделува една чаша од сосот, и се блендира, се става во фрижидер, за подоцна да се употреби во крем филот.

Забелешка - мене бидејќи ми беа замрзнати вишните, и ги ставив така, пуштија и самите доста вода, па додадов само околу 50 мл.

Бисквитите и путерот се мешаат, и се става во калап бр 20, и околу 20 минути во фрижидер.
Маскаропнето се бие кратко со миксер, па се додава кондензираното млеко. ВО меѓувреме, желатинот се става некоја минута во сокот од лимон да набубри, па се растопува. Во желатинот додаваме малку од сосот од вишни (блендираната количина) па го истураме во кремот, но внимаваме да не е жежок.

Кремот го истураме врз подлогата, и го ставаме во фрижидер да се стегне. Наредниот ден го прелеваме со сосот од вишни.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови