Анзак бисквит (без миксер)
Совршен рецепт. Подготoвка помалку од 10 мин, печење 15 мин. Вкус - неодолив!
Крцкави колачиња со карамел вукс, па кокос вкус...многу вкусови ќе се сменат.
Рецептот е од книгата за колачиња на Делимано. Рецептот е од Австралија.
Сувите состојки измешајте ги во сад.
Медот и путерот растопете ги на тивко. Измешајте ја содата со вода и додадете ја во путерот. Стопениот путер додадете го во сувите состојки и убаво соединете ги.
Формите можете да ги вадите со лажица на хартија за печење или целата смеса да ја натапкатe со влажни раце во тавчето за рерна постелено со хартија за печење.
Како и да одлучите нема да погрешите. Доколку вадите со лажица мали купчиња, натапкајте ги малку.
Печете на 180 степени, 15 или 20 мин. Ние дома ги сакаме со покарамел вкус, па се печат додека не заруменат.
Јас многу често за овој рецепт користам мусли. Во нив има и лешници и кикирики, суво грозје. Количината на овесот само ја заменувам со мусли, сите други сосотојки си е по дадените дози.
Сме ги пробале и со лешници и без лешници, немаше некоја голема разлика, па доколку немате лешници, слободно прескокнете ги како состојка. Лешниците се убави во колачињата кога се потпечени и крупно издробени.
Може да стои по 2-3 недели и повеќе ако е убаво затворен да не прима влага. Крцкавоста е најважниот дел од овој рецепт.
Лиценца: Сите права се задржани
Може да го погледнете видео рецептот снимен со Љубица тука: http://moirecepti.mk/post/anzak-biskvit/