Денес ќе готвиме заедно со Љубица, готвач член на нашата веб-страница. Љубица ќе подготви еден од нејзините рецепти, Анзак бисквит.

Бисквит со кокос, овесни снегулки и мед. Брза подготовка, едноставни состојки, ова е десерт измислен за друштвото кое пристигнало на кафе!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 170 грама овесни снегулки
  • 170 грама кокос
  • 200 грама шеќер
  • 200 грама брашно
  • 200 грама маргарин
  • 4 лажици топла вода
  • 2 лажици мед
  • 2 лажички сода бикарбона

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица и Делимано лонец.

Подготовка

Чекор 1: Кокосот, овесните снегулки, шеќерот и брашното измешајте ги убаво во одделен сад.

Чекор 2: На тивок оган во Делимано лонецот растопете ги маргаринот и медот, а потоа додадете ја топлата вода и на крај содата. Внимавајте, смесата ќе почне да се запенува и затоа повремено промешувајте, да не ви претече.

Чекор 3: Кога ќе забележите дека смесата е добро растопена, исклучете ја ринглата, ставете ја сувата смеса и убаво мешајте, се дури да се слепат состојките едни со други. Доколку сметате дека смесата е премногу сува, може да додадете неколку лажици вода.

Чекор 4: Истурете ја смесата во плитката тава и убаво, со влажни раце, натапкајте ја насекаде. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 8-10 минути. Но, внимавајте, бидејќи границата меѓу добро печено и прегорено се преминува во рок од само една минута.

Чекор 5: Извадете го бисквитот од рерна и оставете го сосема да се излади, без да го покривате. Исечете го на форми какви што сакате, па послужете во чинија прелиен со малку мед.

СОВЕТ: Овие бисквити покрај тоа што се идеални за со пладневното кафе, можете да ги спакувате како вкусен појадок, или ужинка, додека сте излезени од дома!