
26
апр
2020
Црни шпагети со бело пилешко
Ставете го стекот да се свари. Оставете една чаша вода од тенџерето, а другата истурете ја.
Исечете го стекот на мали парчиња, кромидот исечкајте го ситно и морковот изрендајте го.
Ставете се заедно да се испржи на масло.
Додадете ја чашата вода и бешамелот. Мојот бешамел беше густ многу. Доколку имате поредок, не ставајте толку од водата. Зачинете и оставете да подиспари водата.
На крај додадете ги рендани кашавалот и пармезанот, како и мечкиниот лук.
Сварените шпагети сервирајте ги во чинии и врз нив во средината ставете од подготвеното пилешко.
Украсете по желба и слижете топло.
Лиценца: Сите права се задржани