Испечати

Црни шпагети со бело пилешко

Црни шпагети со бело пилешко

Состојки

  • 250 гр црни шпагети (секако и бели дека можи)
  • 2 парчиња пилешки стек
  • 1-2 млад кромид
  • 1 морковче
  • 1 чаша вода
  • 200 мл готов бешамел сос
  • 120 гр кашкавал
  • 1 лажица пармезан
  • 1 лажица мариниран мечкин лук
  • зачини - мешан сув зачин, пимент, мајчина душица, италијанска мешавина зачин

Подготовка

Ставете го стекот да се свари. Оставете една чаша вода од тенџерето, а другата истурете ја.
Исечете го стекот на мали парчиња, кромидот исечкајте го ситно и морковот изрендајте го.
Ставете се заедно да се испржи на масло.
Додадете ја чашата вода и бешамелот. Мојот бешамел беше густ многу. Доколку имате поредок, не ставајте толку од водата. Зачинете и оставете да подиспари водата.
На крај додадете ги рендани кашавалот и пармезанот, како и мечкиниот лук.

Сварените шпагети сервирајте ги во чинии и врз нив во средината ставете од подготвеното пилешко.
Украсете по желба и слижете топло.