21
мар
2015
Шпагети со пилешко
Шпагетите и стекот ги ставаме заедно да се варат.
Кромидот ситно го сецкаме и го ставаме да се запржи заедно со печурките. Го додаваме и сосот и тргаме од оган.
Кога ќе се сварат шпагетите и стекот, ја цедиме водата. Стекот го ситниме на парчиња, го мешаме заедно со шпагетите и сосот со кромид и печурки. Го рендаме кашкавалот и него го додаваме и мешаме состојките да се соединат.
Во намрсено калапче ги ставаме шпагетите да се печат на 200 степени додека не заруменат.
(Инаку беше спремано за ролат-ќе видите во дополнителни фотографии, ама јас не можев да чекам да се излади..хахахха)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови