11
сеп
2014
Пилешко со шпагети и спанаќ
Месото го ставаме да се печи. Шпагетите ги ставаме да се варат во зовриена вода со сол. Пред да се доварат до крај им го додаваме и спанаќот да се обари. Откако ќе бидат сварени шпагетите и спанаќот сварен ја цедиме водата со цедалка. Ставаме масло да се загрее и ги запржуваме шпагетите и спанаќ. Ставаме зачин и сол. Декорираме со шери домати и секако пилешкото месо. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови