Пилешко со шпагети и спанаќ
Состојки
- 300гр шпагети
- 1кг пилешки копани со поткопани или како сакате
- 200-300гр спанаќ,сол,зачин и домати
- 50мл масло
Подготовка
Месото го ставаме да се печи. Шпагетите ги ставаме да се варат во зовриена вода со сол. Пред да се доварат до крај им го додаваме и спанаќот да се обари. Откако ќе бидат сварени шпагетите и спанаќот сварен ја цедиме водата со цедалка. Ставаме масло да се загрее и ги запржуваме шпагетите и спанаќ. Ставаме зачин и сол. Декорираме со шери домати и секако пилешкото месо. Добар апетит!