Цвекло со мајчина душичка
Цвеклото не сите го сакаат иако е многу здраво. Овој рецепт поради мајчината душичка кај нас се одомакини и редовно го подготвувам со останатата зимница.
Цвеклото се мие и се налева со вода да се вари. Од како ќе се свари се лупи и се сече на парчиња по желба. Се става во поголем сад во кој се налева со оцетот, водата, солта и шеќерот и се става да врие.
Врие околу 30 минути. Ако користите мајчина душичка од кесичка тогаш ставете 3-4 кесички зависно од квалитетот на чајот, а ако имате сами собрано тогаш во газа се врзуваат 2 лажици од чајот и така се става да врие со солилото. Ако се стави без газа тогаш се налепува врз цвеклото и не е пријатно за сервирање .
Рерната се загрева на 100 степени и во неа се затоплуваат 12 тегли.
Цвеклото се собира врело во врели тегли и од како ќе се оладат теглите се сместуваат кај останатата зимница. Ако некој не е љубител на мајчина душичка не мора да става.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела