Колач/колачиња од грав со кокос и мајчина душичка (без брашно)
Ако не им кажете дека има грав, нема да забележат! Шшшшш ;)
Сите состојки се ставаат во блендер, се блендираат смесата да стане еднолична, се сипа во калапи за мафини или форма по ваш избор и се пече 20 мин на 200 степени во загреана рерна.
Од кога ќе се олади, на тивко (1 од 6 на рингла) во ѓезве растопете го чоколадото со маслото и прелејте го колачот. Наросете со јаткасти плодови за декорација.
Во оргиналниот рецепт се прелеваше со темно чоколадо, но добар избор е и бело чоколадо и за око и за вкус. Ова бело чоколадо има интензивен вукс и мирис на ванила, преубаво беше.
Гравот јас секогаш го варам во три води. Се става во сад, се става вода колку да го прелее и се става на оган да зоврие. Се остава да проврие минутка две и се истура таа вода. Ова се прави три пати, се остава да се вари во четвртата вода со голема количина на вода. Кога ќе се свари убаво, се истура врелата вода, се прелева и плакне со ладна вода да се олади и се блендира.
Маслото може да е и кокосово.
Не ја одбегнувајте мајчината душичка. Дава многу нежен интересен шмек. Јас ставив едно мало купче колку што фатив со прсти.