27
апр
2013
Царска палента
Растопете го путерот и запжете ја палентата.
Додадете 600мл вода и оставете да проврие 5 минути.
Со постојано мешање додадете ги шмандот и фетата, која предходно сте ја исекле на коцки, како и коријандерот и солта.
Смесата префрлете ја во подмачкан сад, со форма по желба.
Измазнете ја површината и наредете ја одозгора моцарелата.
Печете 30 минути на 220 степени.
Пријатен Апетит!
Си ја нареков царска..бидејќи палентата ми спаѓа во најбрзите и најлесни оброци за припремање, а на овој начин..зачудувачки заситува..и може да најаде повеќе луѓе..со превкусните сирења.Пробајте....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Smand e kisela pavlaka so visok procent na mlecna mast, 20 - 30 %. Ima vo golemite supermarketi...