Шарена - царска салата (зимница)
Оваа салата брзо се подготвува, трае околу 3-4 месеци, не се пастеризираат теглите, ниту пак се вари солилото.
Порано ја припремале со есенција, сега кога полека се исфрла од употреба неа ја заменува белата киселина.
Сите продукти се мијат и чистат, се сечкаат на парчиња погодни за конзумација, може да се адаптира според желбите доколку некој од зеленчуците, повеќе сакате да ја наголемите тежината негова за сметка на некој друг, а притоа да ви остане севкупната тежина на зеленчук од 6 кг.
Во погоден сад сместете го цел иссечкан зеленчук, па додавајте ги остатокот од продуктите со исклучок на црниот пипер и магдоносот кои се ставаат пред да се собери во тегли. Убаво измешајте се заедно и притиснете ја површината над салатата со некој тежок предмет (може широко тенџере со вода полно), но да ја опфаќа целосно и оставате така 24 саати да си пушти сама од сопствените сокови. Откако ставите магдонос и црн пипер се бери во тегли убаво настегано со зеленчукот па се додава на крај и од сокот некои 7-8 тегли вообичаено се полни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови