Царска салата
Карфиолот се дели на цветови зависи коа величина сакате. Гамбите се сечат на парчиња по ваш вкус, морковите се сечат на кругови или по должина. Целата смеса се посипува со 500грама шеќер, се покрива со кујнска крпа и се остава така 3-4 часа салатата да пушти вода. По 3-4 часа во тенџере се става оцетот, зејтинот, солта и конзервансот да проврие. За тоа време се процедува водата од салатата и таа се додава во шербетот. Кога смесата ќе поврие се попарува салатата и се чека да се олади. Кога е оладена салатата во неа се додава еден салицилин се промешува и салатата се става во тегли. Ја сам додала и корнишони по желба на децата
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови