Царска салата (зимница)
За оваа салата во оригиналниот рецепт стои дека се прави со гамби, но краставичките кај нас повеќе се бараат и така рецептот може да се прилагоди по вкус на домашните. Може и да се комбинира половина гамби половина краставички.
Зеленчукот се мие и се цеди. Краставичките се лупат и се сечат на тркалца малку подебели. Карфиолот се покиснува во вода и да одстои еден час, а потоа внимателно се двои на парчиња и се мие темелно. Морковот се чисти и се сече на потенки тркалца. Целиот зеленчук се става во подлабок лонец.
Солилото да зоврие и се попарува салатата. Од како ќе подолади се додава сецканиот магдонос, ловор и бибер и конзервансот и винобранот. Да одстои 24 часа и се собира во чисти и суви тегли.
Употребата на конзерванс и винобран и мене ми смета, ама не сум пробала да ја направам салатата без нив, а солилото е баш по наш вкус и не можеме без оваа салата.
Лиценца: Сите права се задржани