Хумус/паштета со пилешко
Подготовка
1. Во сад за блендирање се става наутот, месото, таанот, лукот, маслото и малку вода.
2. Се додава сол и куркума, а доколку сакате можи да додадете и црвен пипер. Јас оставив за одозгора со сервирањето со буковска пипер да оди.
3. Се блендира и со додавање на водата се регулира посакуваната густина. Можи да го користите и како хумус и како паштета. Да го послужите во чинија, одозгора со маслиново масло и буковска пипер, а она што нема да се изеди да се стави во тегличка во фрижидер, каде можи да се чува 3,4 дена.
Секако, ако направите дупла доза, а ви остани, слободно можи да го замрзните и да го користите по потреба и желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
фала ви. весне, так саламата беше охохооо