27
окт
2020
Домашна паштета од бело пилешко месо и сирен намаз
Често пати кога сме сами двајцата дома ни останува белото месо од печено пиле.
Па еве вака подготвена паштета е одлична за вечера, без хемиски додатоци, адитиви....за мерак
Подгответе ја на овој начин за вашите најмили.
Во чашата на нутрибулет го ставаме пилешкото месо, сенф, малку сол, кечап, бибер, магдонос, мајонез и свежото сирење.
Може да се додаде некоја капка лимон и едно лажиче маслиново масло.
А може да се стават и 2-3 капки коњак.
Во 2-3 наврати убаво соединуваме.
Ја сервираме во сад, оставаме во фрижидер 30 минути и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани
Vredi da Se podgotvi belo meso na vas omilen nacin.... I ponatamu da Se dodadat sostojkite koi vi se omileni
Zivotot e skap i mora da Se vodi smetka