Испечати

Домашна паштета од бело пилешко месо и сирен намаз

Домашна паштета од бело пилешко месо и сирен намаз

Состојки

  • 1 парче бело месо (кај мене остаток од печено пиле)
  • 1 полна лажица пресно сирење, или било кој крем сирење, урда...
  • 1 лажиче кечап
  • 1-2 лажица мајонез
  • 1 рака свеж магдонос
  • сол, бибер, сенф по вкус
  • малку триена сол

Подготовка

Често пати кога сме сами двајцата дома ни останува белото месо од печено пиле.
Па еве вака подготвена паштета е одлична за вечера, без хемиски додатоци, адитиви....за мерак
Подгответе ја на овој начин за вашите најмили.

Во чашата на нутрибулет го ставаме пилешкото месо, сенф, малку сол, кечап, бибер, магдонос, мајонез и свежото сирење.
Може да се додаде некоја капка лимон и едно лажиче маслиново масло.
А може да се стават и 2-3 капки коњак.
Во 2-3 наврати убаво соединуваме.
Ја сервираме во сад, оставаме во фрижидер 30 минути и послужуваме.