Испечати

Хумус/паштета со пилешко

Хумус/паштета со пилешко

Состојки

  • 200 гр варен наут
  • 200 гр варено пилешко месо
  • 1 полна лажица таан
  • 3-4 чешниња лук
  • 1/2 лажиче куркума
  • 1 рамно лажиче сол или по вкус
  • По потреба и желба вода од месото што се варело или од аквафабата
  • За сервирање одозгора
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица буковец или чаден црвен пипер

Подготовка

Подготовка

1. Во сад за блендирање се става наутот, месото, таанот, лукот, маслото и малку вода.

2. Се додава сол и куркума, а доколку сакате можи да додадете и црвен пипер. Јас оставив за одозгора со сервирањето со буковска пипер да оди.

3. Се блендира и со додавање на водата се регулира посакуваната густина. Можи да го користите и како хумус и како паштета. Да го послужите во чинија, одозгора со маслиново масло и буковска пипер, а она што нема да се изеди да се стави во тегличка во фрижидер, каде можи да се чува 3,4 дена.

Секако, ако направите дупла доза, а ви остани, слободно можи да го замрзните и да го користите по потреба и желба.