Хумус со маслинки
Наутот се остава одвечер да одстои во поголемо количество вода. Другиот ден се вари да бидат меки зрната( водата не се фрла). На тавче се пропржуа сусамот до златно жолта боја и потоа се меле во блендер или мелница за кафе. Во блендерот ставете пола од варениот наут со малку вода и миксајте да се добие хомогена смеса, а потоа додадете го и останатиот наут измиксајте добро. Потоа додадете ги мелениот сусам , маслиновото масло, 1 лажичка сол, сок од еден лимон и маслинките без семка и добро изматете. Доколку смесата ви е густа додадете уште вода од наутот.
Ова е прекрасен природен намаз за доручек. Може да го комбинирате и со крекери за гости.
Наутот е богат со железо и витамин Ц.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Cestitki,