Хризантеми
Во длабок сад се става брашното и во него се додаваат омекнатиот маргарин, шеќерот, млекото, солата и квасецот. Доколку сакате да бидат поблаги може да додатете повеќе шеќер.
И од состојките се замесува тесто.
Тестото се остава да одстои во фрижидер 5-6 часа.
Потоа кога ќе помине времето од тестото се прават топчиња, а од топчињата се прават ленти ( може да се види од сликите) и секоја лента се врти како полжавче.
Потоа со ножички се засекуваат краевите во круг (види слика).
Се ставаат во подмачкано тавче и се печат на 180 степени додека да добијат златна боја.
Потоа може да се посипат со шеќер во прав или пак може пред печењето да се премачкаат со жолчка и да се наросат со сусам.
За нивна подготовка е потребно пола час несметајќи го времето на стоење во фрижидер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
и да, нормално дека ќе додадеме повеќе шеќер :) :) :) :)
прво шеќерко ќе ме исели од дома ако продолжам со активна употреба на циметот кој не го поднесува, а го трпи само дека јас аздисувам и во состојба сум да го шмркам :) :) :) :)
второ, клара ќе ми се смее :) :) :) :)
марџи, прекрасно исецкани, мајсторосани, направени, ајм импрест под тест :) само сега ме мрзи... некогаш понатаму кога ќе си купам ножица сама што сечи ... еее тогаш...;)