Испечати

Хризантеми

Хризантеми

Состојки

  • 3 шољи брашно ( шоља од 200 мл)
  • 200 гр маргарин
  • 2 лаж шеќер
  • 1 шоља млеко
  • 1 пак сув квасец
  • 0,5 мала лаж сол

Подготовка

Во длабок сад се става брашното и во него се додаваат омекнатиот маргарин, шеќерот, млекото, солата и квасецот. Доколку сакате да бидат поблаги може да додатете повеќе шеќер.
И од состојките се замесува тесто.
Тестото се остава да одстои во фрижидер 5-6 часа.
Потоа кога ќе помине времето од тестото се прават топчиња, а од топчињата се прават ленти ( може да се види од сликите) и секоја лента се врти како полжавче.
Потоа со ножички се засекуваат краевите во круг (види слика).
Се ставаат во подмачкано тавче и се печат на 180 степени додека да добијат златна боја.
Потоа може да се посипат со шеќер во прав или пак може пред печењето да се премачкаат со жолчка и да се наросат со сусам.
За нивна подготовка е потребно пола час несметајќи го времето на стоење во фрижидер.