Најпрво месото поделете го на 4 парчиња и направете плескавици. Плескавиците посолете ги и наросете им малку бибер. ( од двете страни ) Испржете ги и тргнете ги на страна. Во истото тавче ставете го ситно исецканиот кромид, но најпрво од него извадете една лажичка за сосот. Пржете го додека да се карамелизира, па додадете ги лепињите за да попримат топлина и вкус.
Над плескавиците ставете парче кашкавал или моцарела и ставете ги во рерна додека да се стопи кашкавалот.
За да го направите сосот измешајте ги сите состојки и доколку сакате додадете сол.
За сервирање, намачкајте ја лепињата од двете страни па ставете марула, плескавица, потоа малку од карамелизираниот кромид, домат повторно марула и поклопете со другото парче од лепињата.
На здравје !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови