Испечати

Хамбургер по мој вкус (со карамелизиран кромид)

Хамбургер по мој вкус (со карамелизиран кромид)

Состојки

  • За месото
  • 1. пола кило мешано мелено месо
  • 2. кашкавал или моцарела ( едно парче )
  • 3. сол
  • 4. бибер
  • За сос
  • 1. 1 и пол кисела краставичка
  • 2. 1 лажичка кечап
  • 3. лажичка и пол сенф
  • 4. 2 лажички мајонез
  • 5. кромид
  • 6. една лажичка мешавина од лут буковец и оригано ( или нане )
  • Салати
  • 1. еден домат исецкан на кругови
  • 2. 4 парчиња марула
  • 3. 1 кромид , ситно исецкан
  • 4 лепињи

Подготовка

Најпрво месото поделете го на 4 парчиња и направете плескавици. Плескавиците посолете ги и наросете им малку бибер. ( од двете страни ) Испржете ги и тргнете ги на страна. Во истото тавче ставете го ситно исецканиот кромид, но најпрво од него извадете една лажичка за сосот. Пржете го додека да се карамелизира, па додадете ги лепињите за да попримат топлина и вкус.
Над плескавиците ставете парче кашкавал или моцарела и ставете ги во рерна додека да се стопи кашкавалот.
За да го направите сосот измешајте ги сите состојки и доколку сакате додадете сол.
За сервирање, намачкајте ја лепињата од двете страни па ставете марула, плескавица, потоа малку од карамелизираниот кромид, домат повторно марула и поклопете со другото парче од лепињата.
На здравје !