Леб со карамелизиран кромид
Утрово прекрасна миризба го исполни домот. Буквално, помини-замини се навалував над лебот и го мирисав ....и ми се чини како некоја да придонесе за некоја посебна хармонија.
Топло ви препорачувам да го направите.
Рецептот е едноставен и оди вака........
Кромидот на ленти се пржи убаво на малку масло, сол и малку кафеав шеќер (да добие златно-кафена боја).
Квасецот се растопува во 80 мл. млака вода и лажичка сол.
Во посебен сад се мешаат брашното, сол по вкус и ситно сецканото младо кромидче. Се додава растопениот квасец, испржениот кромид, 240 мл. млака вода, куркумата и ѓумбирот. Се замесува убаво тесто и се остава да стасува додека не го дуплира волуменот.
Потоа, на набрашнета површина со раце малку се натапкува да се добие правоаголна форма и се витка во векна (на двапати како ролат) па се преместува на хартија за печење во тавче. Се остава покриено да стасува уште 30 мин.
Потоа се попрскува со сол одозгора и става да се пече во добро загреана рерна, а на дното од рерната се става тенџере со тукушто зовриена вода. Се пече така 15 мин. на 240⁰Ц, а потоа тенџерето со вода се вади од рерна и се продолжува со печење уште 10-15 мин. на 230⁰Ц.
Испечениот леб се префрла врз решетка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови