Фокача со брокула, шунка и кашкавал
Најпрвин од состојките за тесто замесете ја фокачата. Оставете ја да отстои 1 час.
Во меѓувреме подгответе го полнењето
Во тава на оган ставете масло и додајте ги парчињата брокула, шунка и печурки. Пропржете ги кратко околу 7-8 минути.
Посолете ја сосема малку смесата.
Откако ќе стаса тестото поделете го на 2 дела.
Со раце развлечете го првиот дел од тестото и ставете го во округло плекче. Одозгора ставете ја пропржената смеса и додајте ги парчињата кашкавал.
Развлечете го и другиот дел од тестото и со него поклопете врз полнењето. Премачкајте ја фокачата со изматена жолчка и со вилушка избодете ја на повеќе места.
Печете на 200 степени, 20 минути (времето на печење не ефиксно, зависи од тоа како ви пече рерната).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови