Фокача леб
Во поголем сад во кој ќе месите ставете го квасецот, шеќерот, солта и додаете 200 мл. топла вода. Оставете да нарасне на топло место 10 мин. Кога се запенило додадете 3 лажици маслиново масло, 400 мл. топла вода, измешајте и пополека додавајте 1 кг. брашно. Мешајте со дрвена лажица. Ќе добиете релативно меко тесто што се лепи. Може да месите и со миксер-со спиралните додатоци (обичен миксер).
Извадете го тестото од садот, садот намрсете го и повторно ставете го тестот, покријте со проѕирна фолија и чиста крпа. Оставете на топло да стасува 1 час.
Кога поминло 1 час, на плех со димензии 30х40 см, плехот од рерна обложете го со хартија за печење или намрсете го и посипете малку брашно. Тестото без да го премесувате-може малку, префрлете го во тавчете. Со намрсени раце раширете го низ целата тепсија.
Со рацете направете нежни дупки, попрскајте масло и оставете го на топло да стасува уште 30-45 мин.
Вклучете ја рерната на 200 степени. Додека рерната се загрева фокачата можете да ја попрскате со рузмарин, да ставите маслинки, домати на кришки, ирење, печурки или по желба.
Над попрсканото попрскајте уште малку маслиново масло. Кога рерната се загреала ставете го лебот да се пече околу 40 мин. додека зарумени. Кога е готово извадете го и покријте со најлонче и со чиста крпа. Малку да се подолади и сечете парчиња. Послужете со што сакате.
ЗАБЕЛЕШКИ
Може да правите мали фокачи во вид на круг.
Може лебот да го филувате-ставете половина од тестото ставете фил и ставете ја другата половина убаво притиснете да се залепат краевите.
Може тестото да го замесите одвечер, но со ладна вода. ДА го оставите во фрижидер и сабајлето или кога сакате префрлете го во тепсијата и оставете го на собна температура 2 часа или 1 час на топло место.
Користете исклучително маслиново масло за да се добие посакуваниот мирис и вкус на фокачата.
Може да комбинирате различни зачини и вкусови.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Само фали 1 голема лажица сол и 1 свеж квасец или 10 гр. сув во состојките.Ако може МоиРецепти да корегираат.? :))