Фереро торта (без печење)
Вкусна, лесна торта, без печење, одлична за секоја пригода. Рецептот е од нет, ја направив и топло ви ја препорачувам.
1.Во длабок сад се мешаат бисквитите и лешниците, се полеваат со путерот, убаво се меша, па се додава млекото, се изедначува се убаво и се натапкува во калап со откопчување со пречник 26 цм., обложен со најлонска фолија.Се остава во фрижидер додека се спреми филот.
2.При подготовката на филот најпрво се растопуваат чоколадата, за да има доволно време да се изладат.
Потоа ја матиме слатката павлака.
Па се мати киселата павлака со шеќерот. Се додава во слатката павлака и убаво се соединуваат двете. Го додаваме растопеното млечно чоколадо, мешаме.
Ги додаваме наполитанките и лешниците. На крај го додаваме растопеното црно чоколадо. Убаво соединуваме и го нанесуваме филот над подлогата.
3.За глазурата се загрева слатката павлака и се прелива врз искршеното чоколадо. Се меша полека, додека се соедини. Се прелива врз филот, преку лопатка или лажица (за да не се направи дупка во филот) ја навалуваме тацната лево-десно, за убаво да се покрие. Декорација по желба. Се остава да стои во фрижидер, најдобро преку ноќ, па се послужува.
Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови