Фалафел
Наутот кисне преку вечер (околу 10 часа) и се процедува од водата. Се додава нова вода и се става на тивко да се обари околу 15-20 мин. Потоа се процедува од вода и се меле на ситно или во блендер.
На смесата од наут се додава ситно сецканиот кромид, лук, пиперки (сето ова може и во блендер да се сомеле). Се додава ким, ѓумбир, брашно, пециво, сол, мешан зачин, бибер, оригано и босилок. Смесата се меси и се остава во фрижидер околу 2 часа да одстои.
Потоа се прават мали кофтиња или плескавици (по желба) и се редат во подмачкан плех со зејтин и се печат околу 20тина минути, додека да заруменат!
Се послужуваат со свежа салата од цвекло, моркови и краставица или може и со таратур или др. сосови по желба!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови