Испечати

Фалафел

Фалафел

Состојки

  • 400 гр наут
  • 1/4 китка магдонос
  • 1 црвена пиперка (лута)
  • 1 зелена пиперка
  • 2 главици кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 лажички ким во зрно
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица сол
  • 2 лажички мешан зачин

Подготовка

Наутот кисне преку вечер (околу 10 часа) и се процедува од водата. Се додава нова вода и се става на тивко да се обари околу 15-20 мин. Потоа се процедува од вода и се меле на ситно или во блендер.
На смесата од наут се додава ситно сецканиот кромид, лук, пиперки (сето ова може и во блендер да се сомеле). Се додава ким, ѓумбир, брашно, пециво, сол, мешан зачин, бибер, оригано и босилок.  Смесата се меси и се остава во фрижидер околу 2 часа да одстои.
Потоа се прават мали кофтиња или плескавици (по желба) и се редат во подмачкан плех со зејтин и се печат околу 20тина минути, додека да заруменат!

Се послужуваат со свежа салата од цвекло, моркови и краставица или може и со таратур или др. сосови по желба!