25
мар
2017
Триаголници со сува брусница и сецкани ореви
На тивок оган се ставаат шеќерот, путерот и водата. Од кога ќе почнат да вријаат нека вари 3 минути.
Се трга на кратко од оган, па се додаваат чоколадото, млекото во прав, оревите, брусницата.
Се враќа на оган уште 1-2 минути и постојано се меша.
Топлата смеса ја истураме во триаголен лимен калап, кој претходно сме го обложиле со искроени листови обланда.
Оставаме неколку часа да се стегне, па сечеме парчиња и сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани