Во еден сад со миксер ги спојуваме путерот и жолчката. Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно. Промешуваме да се активира. Потоа ги додаваме маслото, јогуртот, солта, јајцето. Убаво промешуваме. Додаваме од брашното и замесуваме нелепливо тесто. Го покриваме и нека одстои 20 минути. Потоа го делиме на мали топчиња, без да го премесуваме, отприлика околу 25. Секое топче го расукуваме во мала коричка. Танко ја премачкуваме со намазот од путер и жолчка. Ја завиткуваме во ролничка. Сега со чиста ножица, на 3-4 места ја засекуваме под агол од 45 степени. Врвчињата на засеченото тесто ги повлекуваме наназад. Ги редиме во плех. Постапката е иста со останатото тесто. Ги премачкуваме со белка и киснат 15 минути. Ги печиме околу 25 минути на 200 степени.