Рецептов си го добил името затоа што за подготовка на лебот потребни се само 3 минути. За овој леб не треба да чекате да стасува.

Подготовка
Во длабок сад ставете го брашното, солта, оцетот и семињата. На страна, во водата растворете го квасецот и веднаш додадете го во брашното (квасецот не треба да стасува).
Матете со миксер со спиралните маталки за тесто. Доволни се 3 минути матење со поголема брзина за да се спојат сите состојки и да добиете меко и доста лепливо тесто.
Претурете го во подмачкан калап и веднаш ставете го во ладна рерна. Рерната уклучете ја на 200° и печете 60 минути.
Напомена! Тестото не треба да стасува!
После 60 минути направете проба дали лебот е печен, ако не продолжете го печењето за некоја минута. Кај мене беа доволни 60 минути за лебот убаво да биде печен.
Наместо пченично интегрално брашно, може да користите и ржано брашно. Семките може да ги замените со суво грозје, бадеми или ораси. Јас лебот го печев во поголем калап за да биде понизок, позгоден ми е и за сечење и за подготвување на сендвичи. Печен во помал калап би бил сигурно и повисок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани